Историјат

Македонската медицина низ вековните ропства била претежно трагична, без никаква постојаност и траен континуитет, а со чести и неизвесни осцилации поради многу објективни причини. Ваквата општа национална карактеристика, би можела во целост да се пренесе и врз здравството во Прилепската околија.
Затечената, фрапантно лоша хигиено-епидемиолошка состојба барала максимум подршка во сите домени. Дадената помош од Србија била мала и недоволна, минимално форсирајќи ја превентивата и тоа во оптимални размери. Таков директен одраз бил направен и во Прилеп, каде на некои сегменти здравството симболично се збогатува во поглед на содржината на здравствената култура.
Здравството во Прилеп, а аналогно на тоа и во цела Македонија не é дрво без сопствени корени туку служба со своја легитимна, национална историја и личен идентитет.
Во триесетгодишен ропски период во Прилеп се случиле извесен број настани, а истовремено се изградиле мал број објекти за функционирање на здравството тоа се Општата болница и Здравствениот дом.
Здравствениот дом на 06.06.1927 година бил официјално отворен, неговото свечено отворање и пуштање во работа го извршил Акад. Проф. Д-р. Андреја Штампар тогашен министер за Здравство.
Градежно-техничката изведба на домот била доверена на германски работници, кои со успех и со извонреден квалитет ја завршиле изградбата.
Локацијата на која бил изграден Домот била на бившите турски гробишта, кои со време биле запоставени и тотално запуштени. Интересна била и габаритната форма на Домот, тој преставувал развлечен рамнокрак триаголник во вид на буквата „Д“ со пристап од сите четири страни на градот.
Основата била поставена на према јужната страна од градот, покрај тоа периферно на исток и запад постоеле странични влезови а страните на триаголникот се прострирале на северниот дел, така што со затворање на краците се формирал внатрешен двор.
Домот поседувал и сопствена Антималарична станица како што и во него биле сместени општи амбуланти со диференција за бактериологија, хигиено-епидемиолошка, хематолошка и др дејност. Во тоа време во домот примарно и доминантно место заземало Одделението за превенција на школски деца и младина. Многу педантно уште тогаш биле изведувани систематските прегледи на учениците, со сите неопходни параметри и бројни испитувања во состав на тој систематски преглед. Сепак примарно и над сé, домот бил превентивни-профилактичка установа зошто тогаш во Прилеп имало многу заразни болести, епидемии и сл. ( пегав тифус, антракс, маларија и др. ). И затоа акцентот бил фрлен во заштита на школските деца и младината. Опремата во домот не само што ги задоволувала потребите туку била и на завидно ниво.

За жал овој објект на прилепското здравство, денес не постои зошто во 1972 година поради пожар целосно изгорел.
По војната амбулантно-поликлиничката служба преставувала посебен проблем, поради неадекватни и оскудни просторни услови за работа.
Надминувањето на овој проблем било можно единствено само со изградба на нов Дом за народно здравје. Во 1950/1951 се пристапило кон изградба на нова зграда за амбулантно-поликлиничка служба (новиот Дом за народно здравје) кој во употреба е даден 1953 година, а подоцна во 1062/63 година се иградиле и двете нови крила. Третото крило во Домот е изградено во 1968 година и во него е сместен Детскиот школски дипанзер.
Наредната година, поточно од 01.01.1966 година се изврши интеграција на бившиот Дом за народно здравје – Прилеп и бившата Општа Болница – Прилеп и двете установи фигурираа под новата организациона форма Медицински центар – Прилеп со вкупно 395 работници а од 01.05.1066 година кон Медицински центар – Прилеп се приклучи и аптеката со вкупно 24 работници. Овој начин на организациона поставеност фигурираше се до 05.07.2005 година кога со Одлука на Владата на Република Македонија, ЈЗУ Здравствен дом – Прилеп е самостојна установа со Статут, права, обврски и одговорности утврдени со Закон.

Стручноста е основна движечка сила на тимовите на ЈЗУ Здравствен дом - Прилеп, а заедничкиот дух и вклопеност на персоналот, создаваат позитивна и мотивирачка атмосфера за работа.

 

© Copyright 2008-09 ЈЗУ Здравствен дом - Прилеп. All Rights Reserved