Вовед

Здравствениот дом – Прилеп, спроведува мерки на примарна здравствена заштита на територијата на општина Прилеп, која опфаќа 36 населени места со околу 90.000 жители распоредени на 1.6750 km². Установата денеска преставува една работна целина во просторно, кадровски и техничко-технолошки процес и во потполност обезбедува квалитетна здравствена заштита во областа на здравствена заштита на деца, поливалентна патронажа, стоматолошка здравствена заштита, итна медицинска помош, итна стоматолошка помош, биохемиска лабораторија, стоматолошки рентген, домашна посета, спортска медицина и медицина на трудот.Со кадровски потенцијал од вкупно 251 вработен, одговара на најсложените работи во примарната здравствена заштита со медицинска услуга со висок стандард.  

Тежиштето на работата на установата е насочено кон:
- Пратење и проучување на здравствената состојба на населението,
- Здравствената култура и хигиенски прилики и предлага мерки за нивно  
санирање,
- Спроведува мерки на здравствено воспитување,
- Спроведува програми за здравствена заштита,
- Организира и спроведува внатрешен надзор над стручната работа.

Истражувањето и откривањето на проблемите и појавата на ширење на заболувањата и повредите како и начин и мерка за нивно спречување, рано откривање и ефикасно и квалитетно лечење, рехабилитација и спречување на инвалидитет.
Организира и спроведува стручно усовршување на своите здравствени работници, здравствени соработници и на останатите вработени во ЈЗУ Здравствен дом – Прилеп.

Утврдува и спроведува мерки при елементарни непогоди и во други вонредни состојби.
Спроведува мерки за спречување на несакани компликации и последици при давање на здравствена заштита, како и мерки за општа сигурност за време на посетата на граѓаните во здравствената установа.

© Copyright 2008-09 ЈЗУ Здравствен дом - Прилеп. All Rights Reserved